Верица Шерифовиќ нападната и отечена, во болница пренесена

143

Мајка ѝ на евровизиската ѕвезда Марија!

Неодамна при настапот на некоја богата ромска свадба, потешко беше физички нападната пејачка со бисерен глас, Верица Шерифовиќ. Целата беше отечена и пренесена во болница. Таа е мајка на евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ. Кога нејзината ќерка Марија дознала за овој несреќен случај, итно реагирала, седнала во првиот авион и се најде на местото на злочинот. Марија беше неопсиво бесна и на актерите кои кренаа рака на мајка ѝ, им ја очита лекцијата со многу пцовки, ароганција и дрскот.

Присутните велат дека реакцијата на Марија беше оправдана, а и никогаш пред тоа пејачката ја немаат видено толку бесна. Ромската свадбата на која од сите страни фрчеа многу пари, требала да трае два дена и три ноќи, но крвавиот напад се случил веќе првиот ден.

– Немам од што да се плашам, само морам да бидам внимателна и на враме да си заминам. Сега се се случи во еден миг. Не можев адекватно да реагирам, инаку ќе си ја напуштев свадбата, па нека се тепаат колку сакаат. Јас и понатму ќе пеам на ромски свадби, од тие заработени пари пристојно живеам, раскажа Верица. (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ