Разводот на познатата пејачка Верица Шерифовиќ, инаку мајка на евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ, постојано низ медиумите крева прав. Таа е разведена од Рајко Шерифовиќ. Животот на Верица со Рајко беше многу тежок, комплициран, ни најмалку лесен. Но, со него решила долго да остане да го трпи, само поради Марија, за која уште тогаш почнала да се сомнева дека ќерка ѝ ги сака девојките.
-Кога Марија беше уште малечка сакав да го оставам Рајко, па поднесов документи за развод. Тој имаше силни врски во Крагуевац и успеа да договори Марија него да му припадне. Доживеав тежок нервен слом и реков: „Па, нека биде како што е!“ Се откажувам од разводот, се откажувам од сè“. Сега, после толку години, можам да кажам, можеби мораше да биде така, изјави тогаш Верица, признавајќи дека нејзиниот поранешен сопруг, имал големи проблеми со алкохолот.
– Бев дете, што знаев јас на 17 години за бракот? Многу криев од моите родители. Решив кога Марија ќе заврши гимназија, јас да завршам со тој брак. Рајко покрај алкохолот играше и комар. Лудило! Кога ми побара тогашни 1.000 германски марки, јас му дадов 1.500 марки, само да се тргне од мене, за да го потпишеме разводот. Се најдов во чудо, дали да плачам, дали да се смеам? Адвокатот ме гледа и ми вели: „Верка, сакаш ли чаша вода?“. Јас му возвраќам: „Дај ми убаво кафе и не ме прашувај ништо“. Се загледав во тоа кафето, пушам цигара и наеднаш сè ми се смачи, иако се разведов, иако ми олесни душата, се присети Верица на својот развод. (Д.М.)