Венс: Русија сака и територии од Украина што не ги окупирала

83

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека преговорите за завршување на војната на Русија во Украина се фокусирани на безбедносните гаранции за Украина и на териториите што Русија сака да ги контролира, вклучувајќи и украински територии што воопшто не ги окупирала.

– Навистина постојат две големи прашања што остануваат отворени и, на некој начин, тоа е многу едноставно, но истовремено и многу комплицирано – изјави Венс во интервју со Лора Инграхам на „Фокс њуз“, во средата вечер.

Тој додаде дека Украина сака да знае дека нема повторно да биде нападната од Русија и дека ќе ја има својата територијална целост и во иднина. Русите сакаат одредени делови од територијата, поголемиот дел од нив веќе ги окупира, но некои не се освоени, посочи Венс.

Тој оцени дека средба меѓу рускиот и украинскиот претседател би можела да биде голем напредок во преговорите.

– Таму е суштината на преговорите. Украинците бараат безбедносни гаранции. Русите сакаат одредени територии – рече Венс.

ИЗДВОЕНИ