
Американскиот потпретседател Џејмс Дејвид Венс ѝ порача на Иран дека заканите на Вашингтон со воена акција треба да се сфатат „сериозно“, еден ден откако претседателот Доналд Трамп во текот на говорот за состојбата на нацијата почна да го подготвува теренот за можна војна, пренесува „Кликс“.
Венс за „Фокс њузџ“ изјави дека Трамп ќе се обиде да го „реализира тоа дипломатски“, но дека американскиот претседател исто така има „право“ на користење воена акција.
Тој додаде дека Трамп има низа други алатки на располагање за да осигура тоа да не се случи.
„Покажа подготвеност да ги искористи и се надевам дека Иранците ќе го сфатат тоа сериозно во текот на утрешните прегови, затоа што тоа, секако, е она што го претпочита претседателот“, заклучи тој.











