Венера во Јарец пристигнува на 24 декември 2025 година и ќе остане до 17 јануари 2026 година. Еве ги најважните датуми во текот на овој астролошки период.
Венера во Јарец првенствено влијае на љубовниот живот и ги издигнува нашите љубовни цели на повисоко ниво. Планетата на љубовта, Венера, поминува низ Јарец, што е традиционално и сериозно, и нè повикува да преземеме промислени чекори што нè водат кон иднината.
Астролозите појаснуваат дека ќе си поставиме важни прашања за време на периодот во кој Венера ќе поминува низ Јарец. Дали сакаме исти работи во животот? Дали насоката во која се движиме е идентична или има раскрсници што нè водат кон различни патеки? Ќе има предизвици во љубовниот живот, но клучот ќе биде да се погледнат фактите, а не емоциите, за понатаму да одлучиме што е најдобро за нашето срце.
Додека Венера е во Јарец треба да обрнеме внимание на 4 значајни датуми. Последниот е најважен бидејќи ни дава сила и решителност да ги претвориме соништата во реалност.
24 декември 2025 година – Венера влегува во Јарец, давајќи ни поттик да се трудиме повеќе.
1 јануари 2026 година – Меркур влегува во Јарец, донесувајќи јасност и стратешко размислување.
3 јануари 2026 година – Супермесечината во Јарец ги интензивира нашите емоции, но ни нуди сигурност, а не невнимателност.
18 јануари 2026 година – Младата Месечина во Јарец нè охрабрува да ги претвориме нашите соништа во реалност.












