Венецуелски функционер: „Најмалку 40 лица загинаа во воздушниот напад на САД“ Жители: „Неколку куќи се уништени“

1060

Неколку куќи во Ката ла Мар, во близина на венецуелската престолнина Каракас, беа оштетени или уништени за време на американската воена операција што доведе до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопштија денес жителите на градот, додека официјални лица објавија дека имало и смртни случаи.

Венецуелските власти соопштија дека САД нападнале области во Ла Гваира, Каракас и соседните држави Миранда и Арагон, при што загинале војници, цивили и поголемиот дел од обезбедувањето на Мадуро, иако не дадоа точни бројки за бројот на загинати и повредени.

Падрино: Голем дел од безбедносниот тим на Николас Мадуро е убиен во американски напад
Голем дел од безбедносниот тим на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро е убиен во американски напад што доведе до негово апсење, изјави утрово во телевизиско обраќање министерот за одбрана на Венецуела, генерал Владимир Падрино.

Падрино не даде точен број на жртви, но го поддржа прогласувањето на потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател и рече дека вооружените сили се активирани низ целата земја за да се гарантира суверенитетот, објави Ројтерс.

Венецуелски функционер вели дека најмалку 40 лица загинале во американски воздушен напад
Висок венецуелски функционер изјави дека најмалку 40 лица, вклучувајќи воен персонал и цивили, биле убиени во американски воздушен напад врз Венецуела.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека меѓу жртвите е еден цивил, додека воен персонал е исто така повреден, објави „Њујорк тајмс“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека во нападот не се убиени американски војници, но истакна дека некои американски војници се повредени. Генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб, додаде дека американските хеликоптери вклучени во операцијата за евакуација на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга биле нападнати. Иако еден хеликоптер бил погоден, тој останал оперативен и сите американски авиони се вратиле безбедно.

Нападот предизвикал голема штета, а меѓу убиените цивили била и Роза Гонзалез (80), која била убиена во воздушен напад во крајбрежната населба Катија Ла Мар, западно од аеродромот во Каракас.

ИЗДВОЕНИ