среда, февруари 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Венецуела би можела да го зголеми производството на нафта за 40 проценти...

Венецуела би можела да го зголеми производството на нафта за 40 проценти во 2026 година, процени американскиот министер за енергетика

10

Според него, таквиот раст би значел дополнителни 300.000 до 400.000 барели дневно, што би значело приближно третина од очекуваното глобално зголемување на побарувачката за нафта во 2026 година.

Рајт ја изнесе оваа проценка во текот на министерскиот состанок на Меѓународната агенција за енергија во Париз, пренесува „Блумберг“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно им одобри лиценци на одредени западни енергетски фирми за биснис во Венецуела.

Целта на оваа политика е обновата на венецуелската нафтена индустрија, која претрпе значаен пад по воведувањето на американските финансиски сакнции во 2017 година.

Оттогаш, производството на нафта во Венецуела падна за речиси 50 отсто, истовремено јакнејќи го економското запрепнување наземјата и стабилизацијата на енергетските токови.

Американските компании, вклучувајќи ги и големите производители на нафта како фирмите „Коноко Филипс“, рагледуваат различни модели на соработка, вклучувајќи го и претворањето на постоечките долгови на Венецуела во сопственички удели во нафтените проекти.

Таквите аранжмани би можеле да ја забрзаат обновата на производството без големи почетни инвестиции во нови наоѓалишта, пренесува „Танјуг“.

Растот на производството во Венецуела доаѓа во момент на зголемена неизвесност на глобалниот пазар на нафта, среде геополитичките тензии и нарушувања во снабдувањето.

Јакнењето на производството во Венецуела би можело да придонесе за стабилизацијата на глобалните понуди и намалување на притисокот на цената на енергенсите во наредниот период.

 

 

ИЗДВОЕНИ