Хаос на улиците на Венеција пред свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез: Лажни младенци, транспаренти и провокации – полицијата интервенира ФОТО
Милијардерот, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ќе се жени со новинарката Лорен Санчез во Венеција оваа недела. Тие решиле да се венчаат во Венеција, на церемонија што ќе трае три дена, а локалното население организира протести што траат од почетокот на месецот.

Венецијанците истакнуваат дека нивниот град повторно е продаден на богатите, а се загрижени и дека овој настан само ќе придонесе за прекумерниот туризам што со години ја уништува Венеција.
Се проценува дека оваа гламурозна свадба ќе чини помеѓу 15 и 25 милиони долари, а младенците, како и голем број нивни гости, веќе пристигнаа во луксузни сместувачки капацитети.
Во Венеција за свадбата Безос и Санчез, почнаа да пристигнуваат и познатите личности. Меѓу првите пристигнаа Опра Винфри, Крис Џенер и сестрите Ким и Клое Кардашијан.
Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, исто така пристигнаа во Венеција во вторникот, користејќи го времето за разгледување на градот и шопинг, објави Ројтерс.
Меѓу познатите личности за кои се очекува да присуствуваат на свадбата се Мик Џегер, Кети Пери, Леонардо Дикаприо, Орландо Блум, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, Дајан фон Фурстенберг и нејзиниот сопруг Бери Дилер, објави АП.
Но, како што се приближува свадбата, протестите на улиците на овој италијански град стануваат сè понасилни, а полицијата мораше да интервенира.
Граѓаните, исто така, повикаа на мир во Газа и носеа разни транспаренти. Впечатливи беа и младиот маж и жена симболично облечени како младенци, а на поводници ги водеа луѓето што носеа знаци на кои пишуваше „правда“, „медиуми“, „влада“ и слично, алудирајќи на фактот дека богатите контролираат сè.
Бидејќи уште порадикални протести беа најавени на самиот ден на свадбата на Безос и Санчез, останува да се види што ќе се случи?