Велосипедот на Словенецот Тадеј Погачар, модел Colnago Y1Rs, кој го возел на 16-тата етапа од овогодинешниот Тур де Франс, беше продаден на аукција за неверојатни 174.000 евра. Станува збор за уникатен колекционерски предмет кој веднаш го привлече вниманието на светската јавност.
Иако износот е импресивен, ова не е најскапиот велосипед некогаш продаден на аукција. Тој рекорд сè уште го држи Trek Madone Butterfly, дизајниран од уметникот Демиен Хирст и возен од Ленс Армстронг на Тур де Франс. Овој велосипед достигна цена од 500.000 евра на аукција за фондацијата LiveStrong.
View this post on Instagram
Велоспедот на Погачар беше понуден на аукција од Sotheby’s. За споредба, стандарден Colnago Y1R се продава за околу 15.000 евра, што значи дека велосипедот на Погачар достигна цена повеќе од десет пати поголема од таа, првенствено поради фактот што го возел самиот шампион. Велосипедот беше изложен во луксузниот одморалиште на островот Сент Реџис Садијат во Абу Даби за време на аукцијата.
Станува збор за црн карбонски Colnago Y1R, со тежина од нешто повеќе од седум килограми, опремен со 22-брзински менувач Shimano Dura-Ace Di2 и тркала ENVE SES 4.5 Pro.












