Град Скопје ќе добие донација од Стопанска банка, детски велодром кој ќе биде поставен во мегапаркот во Карпош 4.
Донацијата е дел од настаните „Вози право, вози здраво“. За примањето на донацијата зелено светло треба да дадат градските советници на наредната седница која е закажана за вторник.
Вкупната вредност на донацијата е 2.400.000 денари со вклучен ДДВ.
Велодромот во новиот мегапарк во Карпош 4 ќе биде со форма и содржина како Велодромот изграден во паркот Сарај.
По донесената одлука на Советот на Град Скопје, ќе биде потпишан договор помеѓу овластено лице од Стопанска Банка АД Скопје и градоначалникот на Град Скопје, со кој ќе се регулира начинот на користење на донацијата.