четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА „Вело родео“ пристигнува во Автокоманда

„Вело родео“ пристигнува во Автокоманда

150

Утре, на плоштадот „Филип Втори“, во Автокоманда пристигнува „Вело родео“. Настанот ќе започне во 17:30 часот и ќе трае до 20:30 часот.

Ќе може да се вози велосипед на вело полигонот, да се играат друштвени игри и вело меморија, но и да се проверат и поправат велосипеди. Освен тоа, ќе има и изложба на детски цртежи, потоа лего-активности и извиднички игри.

Настанот е во организација на Вело училишта, а е поддржан од Општина Гази Баба.

 

ИЗДВОЕНИ