Вело маалска дружба-трки со велосипеди, тротинети, баланс полигони и многу детска смеа

29

Вело училишта утре организира Вело маалска дружба кај фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Дружбата започнува во 18:00 и ќе трае до 20:00 часот, а ќе биде исполнета со трки со велосипеди, тротинети, баланс полигони и многу детска смеа.

Од Вело училишта велат дека ова го прават бидејќи сакаат маала со безбедни детски и училишни зони, каде што децата можат слободно и сигурно да се движат.

-Преку едукација за безбедно возење и активно учество на учениците, наставниците и родителите, заеднички создаваме побезбедна средина за сите – наведуваат од Вело училишта повикувајќи ги граѓаните доколку веруваат во активна и безбедна мобилност да се приклучат на дружбата.

 

ИЗДВОЕНИ