Сè повеќе домашни миленици се напуштаат во Велика Британија поради зголемените трошоци за храна и ветеринарни услуги.
Многумина кои почнаа да чуваат домашни миленици во текот на пандемијата на Ковид 19 сфатија дека тоа чини многу пари отколку што сакаат, соопшти Добротворна организација за заштита на животи.
Според достапните податоци, повиците до пожарникарите за спасување за животни пораснале повеќе од четвртина во последните пет години, а во тек е нов бран напуштање на домашните миленици, пренесува „Гардијан“.
Добротворната организација за заштита на животни соопшти дека минатата година примиле рекордни 22.503 извештаи за напуштање животни, бидејќи трошоците за ветеринар и храна за домашни миленици драматично се зголемиле.
Податоците на британската Канцеларија за национална статистика покажуваат дека трошоците за ветеринар минатиот месец биле речиси 50 отсто поголеми отколу во 2020 година, а просечната цена на конзерва храна за кучиња се зголемила од 60 пени на 1,03 фунти, односно 1, 13 евра, во истиот временски период.
Противпожарната служба забележала зголемување на бројот на повици за спасување животни во Англија за 27 отсто во текот на последните пет години, а повиците за спасување на домашни животни пораснале 38 отсто во истиот период.
Од почетокот на годината до јуни низ земјата имало 3./462 спасувања на домашни животни, од кои повеќето од третината биле во Лондон.
Според податоците на Здруженијата на произведувачите на храна за домашни миленици, 3,2 милиони домаќинства во Велика Британија набавиле домашни миленици во текот на пандемијата Ковид, но многумина не биле подготвени на трошиците кои се зголемија во претходните години.












