Велика Британија ги намалува средствата за борба против руското влијание во Западен Балкан

198
epa11934538 Britain’s Prime Minister Keir Starmer arrives for a summit on Ukraine at Lancaster House in London, Britain, 02 March 2025. Starmer is hosting a summit of European leaders in London to discuss the ongoing war in Ukraine. EPA-EFE/CHRISTOPHE ENA / POOL MAXPPP OUT

Велика Британија ги намали средствата за борба против руското влијание и дезинформациите во Западен Балкан, кој премиерот Кир Стармер го опиша како клучен регион за британската национална безбедност, објавува „Гардијан“.

Финансирањето на Интегрираниот безбедносен фонд (ISF) на Велика Британија за Западен Балкан е намалено од 40 милиони фунти минатата година на 24 милиони фунти за 2025 и 2026 година.

ИБС (ISF) се справува со заканите од највисок приоритет за националната безбедност на Велика Британија, и дома и во странство.

Стармер неодамна го опиша Западен Балкан како „место каде што се тестира безбедноста на Европа“.

Минатогодишното финансирање на ISF делумно беше искористено за борба и одговор на кибер напади на Балканот и за зајакнување на демократските институции и независните медиуми, а неговото намалување се смета за последица од политиката на Стармер за намалување на официјалната помош за развој (ODA) за земјите со ниски и средни приходи, пренесе „Бета“.

Износот на ОДА доделен на Западен Балкан во рамките на ISF е намален од 31,91 милиони фунти во 2024-25 година на 17 милиони фунти за 2025-26 година.

Поранешната помошничка на Стармер, Емили Торнбери, изјави дека „е сосема јасно дека Западен Балкан е на првата линија во борбата против руската дезинформација и мешање“.

ИЗДВОЕНИ