Велешкиот суд соопшти дека на предлог на Центарот за социјални работи против Илија Стефановски изрекол мерки на препазливост заради заштита на Росица Коцева од насилството во март годинава. На решението Стефановски се жалел до второстепениот суд од каде одлучиле предметот да се врати на повторно одлучување во Основниот суд во Велес. По повторното постапување, судот соопштува дека ги донеле истите мерки
1.Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, 2.Забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата дирекно или индиректно и 3. Забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето на жртвата на ул.К. Р. бр.6 В. или било кое место кое редовно го посетува жртвата, кои мерки ќе траат 6 месеци.
На ова решение, Стефановски се жалел до скопска апелација по втор пат од каде жалбата му ја отфрлиле и ја потврдиле одлуката на судот во Велес. Според тоа мерките од повторното одлучување односно од месец јуни важеле и биле во сила.
На крајот од соопштението на судот стои дека на ден 05.06.2025 година примена била приватна кривична тужба од Илија против Росица и нејзиниот партнер поради основано сомнение дека сториле кривично дело Телесна повреда и по тужбата судот формирал предмет чија постапка е во тек.
„Е сега ќе видиш што ќе ти се случи“… и се случи, фемицидот ги дигна граѓаните на протест












