Веќе следниот месец: Малта официјално ќе ја признае Палестина

141
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Малта официјално ќе ја признае Палестина следниот месец, со што ќе се заврши 45-годишната национална дебата по тоа прашање, изјави премиерот Роберт Абела.

„Не можеме да замижуваме пред човечката трагедија, која секојдневно се влошува, изјави Абела, зборувајќи за војната во Газа, каде што се убиени речиси 54.000 Палестинци, пренесува „Малта тудеј“.

Абела го сподели своето искуство од неодамнешната посета на бегалските кампови во Јордан, каде што ги запознал палестинските деца кои се донесени на Малта на лечење.

Тој прецизираше дека Палестина официјално ќе биде признаена кон крајот на јуни и додаде дека тоа е  морачна одговорност на државата.

ИЗДВОЕНИ