сабота, август 29, 2026
Дома СВЕТ Веќе не е прашање „дали“, туку „кога“: На светот му се заканува...

Веќе не е прашање „дали“, туку „кога“: На светот му се заканува неизбежна катастрофа за помалку од 10 години!?

56

Научниците одамна предупредуваат дека светот ќе се соочи со сè поинтензивни екстремни временски појави, но она што некогаш изгледаше како научна фантастика, сега се смета за реална можност – па дури и за неизбежност.

Предупредувањата за „екстремни крајности“ може да изгледаат залудни бидејќи никој не може со сигурност да каже кога ќе удри временска катастрофа. Сепак, во последниве години се натрупуваат условите за масовно нарушување и загриженоста расте, пренесува „Асошиејтед прес“.

Во секој даден момент, низ целиот свет се одвиваат екстремни временски појави. Некои од нив веќе беа толку разорни што веројатно сме влегле во ера на екстреми. Доволно е само да се потсетиме на „Црното лето“ во Австралија и на шумските пожари од 2019 и 2020 година, во кои изгореа 19 милиони хектари земјиште. Или на Пакистан во 2022 година, каде што поплавите оставија една третина од земјата под вода. Тука се и ураганите „Милтон“ и „Хелен“, кои го опустошија јужниот дел на САД во 2024 година, како и катастрофи од помал обем, како минатогодишните поплави во Тексас, пожарите во Лос Анџелес и тајфунот „Калменги“, кој ги погоди Виетнам и Филипините.

Прашањето не е „дали“, туку „кога“

Без оглед на тоа колку ќе станат интензивни екстремните појави, веројатно ќе видиме нешто многу полошо. Станува збор за основна физика. Повеќе од половината од сите стакленички гасови предизвикани од човекот се емитувани во последните 50 години. Овие гасови ја задржуваат топлината и ги нарушуваат временските обрасци. Не постои начин да се знае кога ќе се случи голем климатски настан, но катастрофата би можела да се случи за 50 години, за 10 години или многу порано.

Оние што ги негираат климатските промени ќе истакнат дека научниците прават грешки, но во изминатите неколку децении, климатолозите – ако воопшто може да се каже така – биле премногу конзервативни во своите предвидувања. Климатските влијанија се случуваат многу побрзо отколку што се предвидуваше. На пример, во една британска проценка од јануари 2022 година се наведуваше дека постои веројатност од 0,02 % температурите да достигнат 40 степени пред 2040 година. Сепак, уште истото лето, во делови од Велика Британија таа температура беше надмината.

Исто така, стигнавме до точка каде што „пресвртните точки“ – моменти кога колапсот на еден систем ја минува границата од која нема враќање – повеќе не се третираат само како теорија. Коралите се најчестиот пример за тоа. Според NOAA, во периодот меѓу 2023 и 2025 година, 84 отсто од светските корали претрпеле белеење поради топлински стрес. Загрозена е и прашумата во Амазон; сушите, пожарите и уништувањето на шумите имаат уништено огромни шумски површини. Денес, дебатата повеќе не се води околу тоа дали Амазон ќе испушта повеќе јаглерод диоксид отколку што складира, туку кога тоа ќе се случи.

Се очекува овогодишниот феномен „Ел Нињо“ да биде најсилниот досега забележан, што би можело дополнително да ги зголеми температурите.

„Гледано во целина, Земјата се наоѓа на опасен пат. Мораме да зборуваме за најлошите можни сценарија. Природно е да се очекуваат уште поголеми превирања“, вели Тим Лентон, професор на Универзитетот во Ексетер.

ИЗДВОЕНИ