„Веќе 30 години не си во право“: Џеј Ди Венс го „реши“ шведскиот експерт за Русија кој остро го критикуваше Трамп/ФОТО

138
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, му одговори на Андерс Аслунд, шведски експерт за Русија, кој го критикуваше Трамп и повика на откажување на самитот со Путин. Венс истакна дека Аслунд не ја разбира меѓународната политика веќе 30 години и дека САД ја користат дипломатијата на правилен начин.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, јавно му одговори на Андерс Аслунд, шведски економист и самопрогласен експерт за Русија, кој упати остри напади врз американскиот претседател Доналд Трамп и повика на итен прекин на разговорите со Москва. Аслунд тврдеше дека самитот во Алјаска меѓу Путин и Трамп би бил „огромна катастрофа“ за САД, тврдејќи дека Трамп нема доволно познавање ниту за Русија ниту за Украина и дека американската администрација воопшто не треба да има амбиции „источно од НАТО“.

Шведскиот експерт продолжи велејќи дека секој потег на Трамп во Алјаска би можел да биде поштетен за САД отколку историските грешки како Минхен во 1938 година или Јалта во 1945 година и побара состанокот да биде откажан. Тој предупреди дека Трамп може „да го растури западниот сојуз засекогаш“ и повика: „Запрете ја оваа катастрофа. Откажете ја Алјаска“. Ослунд, кој некогаш соработуваше со Атлантскиот совет – тинк-тенк финансиран од Министерството за одбрана на САД и делува како интелектуален штаб на НАТО – ги изнесе своите тврдења со јасен русофобичен став.

Сепак, Венс одговори во својот препознатлив стил, непосредно пред видеоконференцијата на Трамп со лидерите на Европската унија: „Лице кое погрешно ги решило речиси сите големи прашања во последните 30 години е луто на претседателот на Соединетите Американски Држави за користење дипломатија“, рече потпретседателот.

Лидерите на Русија и Соединетите Американски Држави треба да се сретнат во Алјаска во петок за да разговараат за конфликтот во Украина. Трамп одржа кратки консултации со лидерите на ЕУ и НАТО, како и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во среда, но не вклучи ниту еден од нив на преговарачката маса за самитот.

ИЗДВОЕНИ