Познатата хрватска писателка во последните месеци објавува статии на својот блог за предизвиците со кои се соочува поради нејзината ужасна болест.
На Ведрана Рудан ѝ беше дијагностициран рак на жолчниот канал минатата година, а моментално е во процес на лекување, за што отворено зборува.
Покрај самата болест и нејзините симптоми, Ведрана пишуваше и за тоа како нејзините најблиски се справуваат со овој проблем и кого разочарала.
Сепак, писателката наиде и на одредени негативни коментари, на кои одговори во свој стил.
„Писателот пишува за тема што го мачи, но тоа не значи дека пишува за себе. Текстот што го напишав вчера е за луѓе кои се борат со рак, напуштени од сите. Тоа не е приказна за мене. Цел живот пишувам во прво лице еднина и навистина ме нервира што секој мој ред се перцепира како пренос во живо од мојот живот. Драги мои, за мое добро, ве молам дистанцирајте се. Ги читам коментарите и полудувам. Не ми е жал за мене, не плачам што го напуштам овој по**ан свет. Јас сум жена за која пишувањето е страст – пишувам текст во телефонот за време на паузата додека ја читам „Плачот на бувот“ од Патриша Хајсмит.
Околу мене има постојана бучава, телефонот ѕвони, но не одговарам. Не ме интересираат ни пораките на моите пријатели затоа што не се допишуваат со мене. Никогаш не сум била луда по толпи и луѓе. Дали повторно се за***ав со овој текст? Веројатно. Ако ја сакате вистинската вистина за мене, ќе ви ја кажам…: Ји сакам играта, зафрканцијата, баталете го отварањето на душата и баталете ја вистината. Уживајте, драги мои, вие кои мислите дека знаете која сум. Јас не го знам тоа. Знам, некои од вас ќе напишат: „Досадни сте, престанете да зборувате за истата тема, кога ќе цркнеш?“ Се надевам – по вас, господа. Моите доктори се фантастични“, заклучи Рудан на својот блог Rudan.info.