понеделник, март 2, 2026
Дома БАЛКАН Вечерва земјотрес во близина на Охридското езеро, нема најава за можни штети

Вечерва земјотрес во близина на Охридското езеро, нема најава за можни штети

145

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва, 15 јануари, во 18:01 часот во Албанија, во подрачјето јужно од Охридското Езеро.

Според првичните достапни податоци, епицентарот бил на координати 40,8088 северна географска ширина и 20,6092 источна географска должина, додека хипоцентарот се проценува на приближно 10 километри длабочина.

До овој момент нема извештаи за материјална штета или повредени. Надлежните служби, според информациите што се пренесуваат во јавноста, ја следат состојбата.

ИЗДВОЕНИ