Во италијанското одморалиште Сан Ремо вечерва, 24 февруари, почнува 76. издание на Фестивалот на италијанската песна кој ќе трае до сабота (28 февруари).
Карло Конти и Лаура Паусини ќе бидат домаќини на овогодишното издание на „Сан Ремо“.
Меѓу ѕвездените гости на Фестивалот оваа година се поп-уметниците Тицијано Феро, Ерос Рамацоти и Алиша Кис, како и моделот Бјанка Балти.
На втората фестивалска вечер, на сцената како гости ќе се појават и трите италијански олимписки шампионки од Милано и Кортина, Аријана Фонтана, Франческа Лолобриџида и Лиза Витоци.
На последната фестивалска вечер, специјален гостин ќе биде Андреа Бочели.
Триесет изведувачи ќе ги престсават своите песи првпат вечерва во театарот „Аристон“.
Настапите ќе ги оценува само жирито составено од професионални новинари од телевизија и од интернет порталите. На крајот на вечерта. РАИ со случаен редослед ќе ги соопшти имињата на петте најдобро прласирани песни според гласовите на членовитена жирото.












