Вечерашната вечер ќе биде исполнета со настапите на златните македонски пејачки грла: Нино Величковски, Ванчо Тарабунов, Дарко Билбиловски, Ибуш Ибраимовски, Милица Кузмановска, Перо Христов, Катерина Брезева, Лени Партикова, Душко Георгиевски, Нина Николовска, Круме Спасовски, Ристо Краповски….како и самата уметничка директорка фолк-ѕвездата Сузана Сапасовска, а која рака на срце, при тоа остава најсилен впечаток
Вечерва(на малите екрани на Кабелско (Сателитската) “Балкан мјузик тв“) на Денот на македонската независнот имаме голема чест да го проследиме 15-то јубилејно издание на „Лешочки Фолк-фест 2025“ од 20 часот. Тоа е музичка манифестација која низ песната го слави и велича македонскто културното наследство, традицијата, но и македонскто семејство низ песната. Секое ново издание на овој одличен фестивал претставува празник за сите генерации на љубители на фолк-музиката.„Лешочки Фолк-фест“ традиционално се одржува во манастирскиот комплекс на “Свети Атанасиј и Пресвета Богородица“ во тетовското село Лешок.
Вљубеници во македонската песна оваа година го слават 15-то издание на фестивалот на кој секогаш сите се добредоједени. Како пејачите и авторите, така и новинарите со се публиката во мошне голем број. Овој специфичен фестивал се разликува од останатите фестивали, а се реализира и во соработка со тетовско–гостиварската епархија при МПЦ – Здружението „Источник“. Најпрепознатливо лице на фестивалот е неговата уметничка директорка фолк-пејачка Сузана Спасовска. Таа со својата енергија, знаење, патриотизмот и професионализмот придонесува фестивалот да се развие во вистински културен амблем низ целата држава, но и пошироко во дијаспората. Многу песни од “Лешочкиот“ се пеат во Австралија, Канада, Скандинавија… на прославите на македонските иселеници.Така да вечерашната празнична (тв) вечер ќе помине со најдобрите македонски (фолк) песни, на програмата на “Балкан Мјузик телевизија“ од 20 часот. Вечер исполнета со настапите на златните македонски пејачки грла: Нино Величковски,Ванчо Тарабунов, Дарко Билбиловски, Ибуш Ибраимовски, Милица Кузмановска, Перо Христов, Катерина Брезева, Лени Партикова, Душко Георгиевски, Нина Николовска, Круме Спасовски, Ристо Краповски….и многу други, како и самата уметничка директорка Сузана Сапасовска, а која рака на срце, при тоа остава најсилен впечаток.
Нема традиционални награди од публиката и од жирито, бидејќи секоја песна е победник и приказна за себе со се пејачи-учесници. Покрај новите песни, низ програмата која ја води харизматичната Ирена Спировска, ќе се потсетиме и на неколку минатогодишни највпечатливи фестивалски хитови. (Д.М.)