Вечерва извршен напад со дронови врз Москва/ВИДЕО

42

Москва вечерва беше нападната со беспилотни летала.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека силите за воздушна одбрана собориле вкупно девет авиони, а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на периферијата на градот, а според првичните информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или големи материјални штети.

Многу летови се откажани и одложени, авионите се во низок лет
Повеќе од 35 летови беа откажани и одложени на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково во вечерните часови поради напади од украински беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево беше привремено суспендирана.

„До 20:19 часот по московско време, беа откажани 21 лет, а уште еден беше откажан на Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани на Домодедово, а четири лета беа откажани на Внуково“, објавија руските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат патнички авиони како летаат ниско над зградите во Москва.

Руските медиуми објавија дека ФСБ и Истражниот комитет ќе го истражат нападот и дека се очекуваат кривични постапки за тероризам.

Оперативните служби се на терен и ги испитуваат остатоците од беспилотните летала и проверуваат дали предизвикале дополнителна штета, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ