Силен земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди подрачјето околу Призрен, во близина на границата со Македонија, а беше почувствуван дури до Белград. Епицентарот на земјотресот е регистриран 18 километри источно од Призрен, на релативно мала длабочина, поради што потресот е почувствуван посилно во поширокото подрачје.
Според бројни коментари од граѓани на сеизмолошки платформи и социјални мрежи, земјотресот е почувствуван не само во Косово, туку и во Македонија, односно Скопје и околината, како и во Албанија и Србија. Во Косово, жителите од Урошевац и Штимље пишуваат дека земјотресот бил силно почувствуван, со кратко, но изразено тресење, додека според коментарите од Призрен, кој бил најблиску до епицентарот, земјотресот е почувствуван најсилно таму.
На снимка од безбедносна камера во Призрен, се гледа како производи летаат од полиците.
Како што може да се види на видеата што кружат на социјалните мрежи, жителите на станбена зграда во Урошевац ја напуштиле зградата во паника за време на земјотресот.
Како што објавија граѓаните низ цела Србија, земјотресот бил почувствуван и во Лесковац, Ниш, Гњилане…Земјотресот бил почувствуван сè до Белград.












