На платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 8 август, од 19.30 часот, ќе се одржи Вечер на унгарски танци и песни, на која ќе настапат фолклорниот ансамбл „Ризгетош“ и оркестарот „Фокош“ од Војводина. Концертот, кој е повеќегодишна традиција, е дел од меѓународната програмата на Центарот, а се реализира заедно со Здружението на Унгарците Теледом – Македонија, Амбсадата на Унгарија во земјава и Министерството за надворешни работи на Унгарија.

Фолклорниот ансамбл „Ризгетош“ (Kishegyes – Rizgetős) е основан пред 30 години во Војводина. Членовите се млади, заинтересирани за зачувување на унгарските народни обичаи, култура и народни танци. Покрај автентичните народни танци, се занимаваат и со танцовен театар. Во 2012 година се добитници на плакетата Mартин. Главните кореографи на ансамблот се Паќерек Чаба (Patyerek Csaba) и Јовановиќ Паќерек Река (Jovánovity Patyerek Réka).

Народниот оркестар Фокош (Fokos) е формиран во 2010 во Бечеј, Војводина. Имаа објавено неколку авторски цедиња. Досега покрај во Војводина и во Унгарија имаат одржано концерти во Австрија, Чешка, Германија, Финска, Белгија Холандија, Велика Британија, САД како и Македонија.

ИЗДВОЕНИ