Естрадниот бос кoj многу им помогнал и на пејачите од Македонија, лесно и убаво заработувал, па и лесно трошел. Неговата сопруга Сузана, која не е по автомобилите, пред неколку дена ја донела конечната одлука за возниот парк на сопругот. Ќе ги продаде најпрво двата електрични автомобили „бе-ем-ве“, чија вкупна вредност е преку 400.000 евра! И на врапчињата ширум Балканот им е јасно дека починатиот изумител на балканското мегашоу „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ, кој инаку навистина многу им помогнал и на пејачи од Македонија да станат популарни и богати, поседувал голем возен парк. Се проценува на повеќе од милиони евра, а сега неговата сопруга, пејачката Сузана Јовановиќ-Поповиќ, реши да го продаде. Најпрво две луксузни лимузини.
Сузана не може да ја преболи тагата за Саша. Во куќата на Бежанијска коса сè ја потсетува на него. Сè уште многу ѝ е тешко. Посебно се растажува кога ги гледа автомобилите на Сале, кои тој ги обожавал и никогаш не зажалил што на нив потрошил толку многу пари. Лесно и убаво заработувал, па и лесно трошел. Сега, Сузана која не е по автомобилите, пред неколку дена ја донела конечната одлука за возниот парк на сопругот. Ќе ги продаде најпрво двата електрични автомобила „бе-ем-ве“, чија вкупна вредност била преку 400.000 евра.
Тие возила не ѝ требаат на Сузана. Засега ќе ги чува само црните џипови „мерцедес“ и „смарт“, кои најчесто ги вози. Тие ѝ се најпрактични кога ќе појде во град да ги заврши секојдневните обврски. Има многу заинтересирани кои сакаат да се возат во тие бесни возила. Да може, Сузана уште вечерва веднаш би ги продала сите до последниот. Но, мора да почека и да биде стрплива бидејќи ја чекаат рочиштата во врска со наследството, велат роднините и пријателките на Сузана. (Д. М.) foto>FB












