Вдовицата на Саша Поповиќ често спие во џемперот на починатиот сопруг!  

107

Пејачката Сузана Јовановиќ е долгогодишна сопруга на починатиот балкански музички маг Саша Поповиќ, идеен творец на големото шоу “Ѕвездите на Гранд“ во кое многу пејачи од Македонија најдоа среќа: станаа и ѕвезди и милионери. Од како Саша почина, шоуто најверојатно ќе заврши. Така велат сите предпоставки.                      Сеќавањата на Саша не престануваат, а тие сеќавање и тие спомени се секојдневието на неговата неутешна сопруга Сузана. Таа накусо ја отвори тажната душа:

– Саша ми доаѓа често на сон и тоа секогаш насмеан.Тоа ми дава мир и спокој дека веќе ништо не го боли. Да беше сега покрај мене ќе ми кажеше, ‘Суле, насмевни се бидејќи најмногу ја сакам твојата насмевка’. Ќе гледавме турски серии, а јас поради него дури и фудбал и натпреварите на Новак Ѓоковиќ. Од како фички замина, најстрашната мисла ми е дека веќе никогаш нема да го видам. Болна е таа езива констатација.

Дома кај нас се е исто. Не го допрев дури ни оној полуотворен куфер од Париз кој остана тука последниот ден кога дојдовме од тамошната болница. Остана нераспакуван. Остана и џемперот што тој го носеше. Често спијам во тој џемпер!!! Сакам да го чувствувам мирисот на неговата кожа. Знам дека Саша сега би ми се налутил. Мене ми е тешко. Како и тогаш кога гледав човек за кој знаеш дека заминува од овој свет. До последна секунда се надевав дека ќе ја победи болеста. Тоа не се случи. Останувам многу тажна вдовица. (фото:ФБ-Инстаграм)

ИЗДВОЕНИ