Вчера вирална шлаканица, денес вирален бакнеж – таа има 40, тој 15 години: Снимка од првиот бакнеж меѓу Макрон и Брижит протече во јавност/ВИДЕО

557
EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит повторно се во центарот на вниманието, овој пат поради непријатна сцена при слетување во Виетнам. Снимката на која се гледа момент на напнатост, Брижит како шлаканица на Емануел и стисната тупаница која јасно се гледаше при излегувањето од авионот, предизвика лавина реакции, но и го обнови интересот за нивната повеќедецениска контроверзна љубовна приказна.

Љубовта на ученик и наставник – момент фатен на камера
Среде нова медиумска бура, од архивите повторно се појави снимка од мај 1993 година – моментот кога тогаш петнаесетгодишниот Емануел Макрон, по училишна претстава, добива честитки од неговата професорка по драма, тогаш четириесетгодишната Брижит Троњ. Краток бакнеж во образот и ракување се снимени на камерата, а токму тој момент, денес гледан низ призмата на нивната подоцнежна врска, на многумина им предизвикува непријатност.

Наставничка, мајка на три деца и идна прва дама
Во времето кога се запознале, Брижит била мажена и мајка на три деца. Работела во приватно католичко училиште во Амиен, каде Макрон бил ученик. И покрај очигледните пречки, големата разлика во годините, семејните обврски и општествените норми, меѓу нив брзо се разви блискост. Веќе на 16-годишна возраст, Емануел му рекол на тогашната учителка дека еден ден ќе се ожени со неа.

Отпор на семејството и првата разделба
Родителите на Макрон не гледаа љубезно на оваа врска. Неговиот татко, според достапните сведоштва, инсистирал Брижит да се дистанцира додека Емануел не порасне. Таа наводно одговорила: „Не можам ништо да ти ветам“.

Набргу потоа Емануел бил испратен во Париз на доедукација, но љубовната линија не била прекината.

ИЗДВОЕНИ