ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА: Надлежните служби издадоа предупредување – властите апелираа до граѓаните и туристите да ги чуваат мобилните телефони близу

182
Foto: Pexels

Во попладневните часови, шумски пожари избувнаа во близина на Парга и Превеза, поточно во градовите Вувупотамос, Аидони и Клисура.

Во 15 часот по локално време, надлежните служби издадоа предупредување до граѓаните преку бројот 112, повикувајќи ги да бидат во готовност, објавува „Грција Инфо“.

Иако пожарите се наоѓаат во внатрешноста, надвор од туристичките крајбрежни области, властите апелираат до сите што престојуваат во овој дел од Грција редовно да ги следат информациите и да ги чуваат мобилните телефони при рака за да можат навремено да реагираат доколку ситуацијата ескалира.

Моментално се преземаат мерки за локализирање и ставање под контрола на пожарите. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и преземаат мерки за заштита на населението и имотот.

Препораки за граѓаните и туристите кои моментално се во Грција:
Останете информирани.
Редовно проверувајте ги локалните вести, апликациите за итни случаи (како што е Цивилната заштита на Грција) и следете ги известувањата добиени преку бројот 112.
Полнете ги вашите телефони и уреди.
Погрижете се вашите мобилни телефони да бидат полнети и достапни во секое време. Тие можат да бидат клучни за примање предупредувања и комуникација во итен случај.
Подгответе ги основните работи за евакуација.
Доколку сте во потенцијална зона за евакуација, подгответе ранец со основни работи: документи, пари, лекови, вода, полнач, фенерче и основна облека.
Не блокирајте патишта.
Доколку не сте директно изложени на ризик, избегнувајте возење кон погодените области за да не го попречите преминувањето на противпожарните и службите за итни случаи.
Следете ги упатствата на властите.
Доколку добиете предупредувачка порака или повик за евакуација, дејствувајте веднаш и без паника.

ИЗДВОЕНИ