Ватикан: Сè уште нема услови жените да станат ѓаконки

0
EPA/STRINGER

Петрокиевата комисија, формирана на барање на папата Лав, објави дека во овој момент нема услови жените да бидат примени во ѓаконството како степен на свети чинови, иако конечна пресуда сè уште не е донесена.

Комисијата ја заврши својата работа во февруари оваа година, а документот од седум страници од кардиналот Џузепе Петроки му беше доставен на папата Лав на 18 септември и сега е објавен на барање на папата, објави Vatican News.

За време на својата прва седница во 2021 година, Комисијата заклучи дека Црквата историски ја признава титулата ѓакон за жените, но без јасно значење.

ИЗДВОЕНИ