Ватикан реагира поради порастот на полиаморијата: „Бракот е стабилно, ексклузивно партнерство помеѓу маж и жена

22
Фото:википедија/OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ватикан издаде предупредување против порастот на полиаморијата, настојувајќи на ставот дека бракот е стабилно, доживотно и екслуизивно партнерство меѓу мажи и жена.

Новиот документ со кој римокатоличката црква застанува во одбрана на моногамиијата, кој го потпиша папата Лав XIV, е напишан во моменет кога „на Запад растар различни јавни облици на немоногамнни заедници – понекогаш нарекувани „полиаморија“, се наведува во текстот, а пренесува „РТС“.

Исто така, документот следеше по разговорот со римокатоличките бискупи во Африка за полигамијата, која е опишана како „пастирски предизвик“ за црквата во регионот и за која разговараа ватиканските синоди во 2023 и во 2024 година.

Полигамијата обично се однесува на еден маж во врска со повеќе жени, додекa полиаморијата подразбира луѓе кои имаат повеќе консензуални романтички врски истовремено.

„Полигамијата, неверството или полиаморијата се засноваат на илузијата дека блиска врска може да се оствари со низа партнери“, се наведува во доктринарната белешка под назив „Едно тело- во слава на моногамијата“.

„Нашата доба, всушност, доживува разни промени во поглед на љубовта: пораст на разводи, кревкост на заедницата, тривијализација на прељубата и промоција на полиаморија“.

Документот од 40 страници ја нагласува важност на бракот меѓу маж и жена, а кардиналот Мануел Фернандес, рефект на ватиканската канцеларија за доктрина, вели дека целта е да се изнесат причините за „избор на единствена и ексклузиван љубовна заедница, на богата и целосна припаднсот еден на друг“.

Пораката, исто така, означува промена во разбирањето на црквата за сексот во бракот, наведувајќи дека „тоа е повеќе од само размножување“.

Во римокатоличкото разбирање, сексот во бракот има два аспекта: „обединувачки“, кој ги зближува двојките и може да ја одразува божествената љубов, и „прокреативен“, што значи размножување.

Католичкото учење забранува употреба на контрацепција – забрана што неодамнешните папи ја поддржаа, но за која некои во црквата жестоко дебатираа и отфрлија.

Најновата доктринарна порака вели дека „единството е фундаментален квалитет“ на бракот и дека „обединувачката цел на сексуалноста не е ограничена само на обезбедување потомство“.

ИЗДВОЕНИ