Италија го одобри планот на Ватикан за изградба на соларна електрана на 430 хектари земјиште северно од Рим, што со децении е извор на спор меѓу двете страни, во потег за кој Ватикан се надева дека ќе му овозможи да постигне целосна енергетска независност и да стане првата земја во светот што е јаглеродно неутрална.
Ватикан во соопштението наведува дека развојот на локацијата Санта Марија Галерија ќе го зачува користењето на земјоделското земјиште и ќе има минимално влијание врз животната средина, објави денес „Еуроњуз“.
Иако не се објавени сите детали, беше договорено дека Ватикан ќе биде ослободен од италијански даноци за увоз на соларни панели, но нема да може да има корист од државните субвенции што важат за италијанските граѓани.