Ватикан објавува филм за папата: „Лавот од Чикаго“ открива непознати детали за неговиот живот

22
EPA/GIUSEPPE LAMI

По повод шесте месеци од изборот на папата Лав, денеска ќе биде прикажан документарен филм насловен „Лавот од Чикаго“, кој ја раскажува приказната за американските корени и младоста на папата, објавува денес Vatican News.

Филмот ја следи приказната за Роберт Франсис Превост, како што е световното име на папата, како и неговото детство и студии во Соединетите Американски Држави, а го раскажуваат неговите браќа Луис и Џон, како и неговите наставници, соученици и долгогодишни пријатели.

Документарниот филм е продолжение на првиот дел објавен во јуни, насловен „Лавот од Перу“, кој се фокусираше на мисионерските години на идниот папа во таа земја.

Документарниот филм за папата ќе биде објавен на YouTube каналот Vatican News на три јазици, англиски, шпански и италијански.

ИЗДВОЕНИ