петок, јули 3, 2026
Дома СВЕТ Ватикан направи невиден потег

Ватикан направи невиден потег

0
epa12560556 Pope Leo XIV, accompanied by Lebanese President Joseph Aoun (not pictured), looks on during a meeting with authorities, civil society, and the diplomatic corps at the Presidential Palace in Beirut, Lebanon, 30 November 2025. Pope Leo XIV is on his first apostolic visit outside Italy since his election as pontiff. He visited Turkey from 27 November and continues his journey to Lebanon from 30 November until 02 December. EPA/STRINGER

Ватикан донесе една од најстрогите одлуки во поновата историја на Црквата, екскомуницирајќи ги членовите на традиционалистичката католичка група, Друштвото на Свети Пиј X, кое има повеќе од половина милион следбеници низ целиот свет.

Одлуката дојде откако групата ракоположи четири нови епископи во Женева во среда, и покрај забраната од папата Лав XIV, со што дополнително го продлабочи долгогодишниот конфликт со Римокатоличката црква, пишува Би-Би-Си.

Друштвото, именувано по папата Пиј X, кое е познато по својот отпор кон модернизацијата на Црквата, е основано во 1970 година како реакција на реформите на Вториот ватикански собор во 1960-тите.

Групата отфрла низа промени во литургијата и црковната практика, вклучително и славење на миса на народен јазик наместо на латински, како и промени во начинот на кој се спроведува причеста. Нивните ритуали сè уште инсистираат на традиционалната форма на мисата, при што свештеникот стои свртен кон олтарот, а не кон верниците, додека причеста се дели исклучиво на јазикот на клекнатите верници.

Женските членови на групата често ги покриваат главите за време на богослужбата, а членовите на Братството генерално се залагаат за посоцијално конзервативни ставови и се спротивставуваат на поголемо зближување со другите христијански заедници и религии.

Откако беа ракоположени епископите, Ватикан ги екскомуницираше сите шест епископи на SSPX и рече дека членовите лаици кои останале во групата „треба да се сметаат и за расколници и да се екскомуницираат“.

Сепак, во изјавата се нагласува дека верниците кои ќе одлучат да ја напуштат групата и да се вратат во Римокатоличката црква ќе бидат прифатени „со искрена љубов“.

Екскомуникацијата е една од најстрогите црковни казни и значи исклучување од целосна заедница со Црквата, вклучително и неможноста за примање на таинства како што се исповед или црковен брак.

Ватикан понатаму изјави дека свештениците на Друштвото на Свети Пиј X „невалидно и недозволиво ги спроведуваат таинствата“, вклучително и исповед и брак.

ИЗДВОЕНИ