Монако влезе во серија порази, губејќи ги двата натпревари во Белград, во рамките на Евролигата, прво од Партизан (78:76), а потоа и од Црвена звезда (91:79), што придонесе за револт кај неговиот тренер, Василис Спанулис. Тој не е задоволен од распоредот на натпревари што го има во Евролигата, бидејќи некои тимови имаат одиграно многу повеќе гостински мечеви отколку домашни во овој период од сезоната.

  • Не се согласувам со ваквиот календар. Некои тимови имаат седум гостувања, не знам дали е направен од вештачка интелигенција (ВИ) или од некој друг, но ова е неверојатно. Ова е првпат во историјата да доживеам вакво нешто, и како играч и како тренер – започна Спанулис.

Тој не застана тука. Го мачи начинот на кој е направен распоредот. Монако ги играше последните три кола на гости и од 11 натпревари, имаше седум гостувања.

  • Еден тим игра седум натпревари на гости, а потоа пет дома. Не е нормално да се подготви тим на ваков начин. Мора да се направи нешто, не е нормално ова. Некои тимови паѓаат, некои тренери ги губат своите работни места затоа што имаат премногу порази по ред – заклучи Спанулис.

ИЗДВОЕНИ