Обвинетиот Васил Јованов кој на пешачки со голема брзина ја усмрти младата Фросина ја призна вината и се извини на семејството Кулакови. “Сакам да изразам сочувство на семејството и да им се извинам за тоа што го сторив. Да судија виновен сум не мислев дека некогаш тоа ќе се случи, низ солзи Јованов ја признаваше својата вина за несреќата. Судијата го праша дали зборува при здрава свест, на што тој одговори потврдно дека признанието не му е изнудено. Додека возачот зборуваше тивко плачеше неговата мајка која е присутна со сопругот, таткото на Јованов обвинет во друга постапка затоа што му ја давал свесно неговата колата да ја вози.