Двократниот европски ракометен шампион, Вардар 1961, потпиша нов договор со македонскиот голман Васил Гогов, кој ќе остане дел од него најмалку до јуни 2027 година.
Актуелниот договор на Гогов истекува во јуни 2026, но клубот е задоволен од неговите настапи и затоа веднаш реши да му понуди продолжување на соработката.
- Васил покажа дека има квалитет и карактер за Вардар. Неговиот напредок е очигледен и со нетрпение очекуваме да продолжи да расте во нашиот дрес – соопштија од клубот.
Гогов, кој е дел од Вардар 1961 од 2019 година, веќе неколку сезони е дел од првиот тим и сериозно се наметна како важен дел од голманската линија. Во изминатата сезона доби значително поголема минутажа, која ја оправда со постојаните и добри настапи.