Вашингтон: Средбата Путин-Трамп не е целосно исклучена, но нешто го фрустрира американскиот претседател

71
EPA/WILL OLIVER

Средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сè уште не е целосно исклучена, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Таа рече дека американската администрација и претседателот Трамп се надеваат дека таков состанок може да се случи повторно еден ден, но сакаат од него да излезе опиплив и позитивен резултат.

Трамп, рече таа, сака да види конкретни акции од Русија кон постигнување мир, а не само зборови, и е сè повеќе фрустриран од сегашниот тек на настаните.

Портпаролката додаде дека од Трамп зависи дали ќе воведе дополнителни санкции врз Русија.

Американскиот претседател вчера ја откажа претходно планираната средба со Путин поради недостаток на напредок во дипломатските напори околу Украина.

 

ИЗДВОЕНИ