четврток, јули 16, 2026
Дома СВЕТ Вашингтон одобри продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од околу...

Вашингтон одобри продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од околу 2 милијарди долари

0
Фото:википедија

Американскиот Стејт департмент денес објави дека одобрил продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од околу 2 милијарди долари (околу 1,75 милијарди евра).

„Продажбата ќе ги поддржи целите на американската надворешна политика и националната безбедност преку подобрување на безбедноста на клучен сојузник кој не е член на НАТО, кој е двигател на политичката стабилност и економскиот напредок во Заливот“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Одлуката е донесена откако продолжија непријателствата меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ