Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека Белата куќа наскоро ќе објави „значително зголемување на санкциите врз Русија“.
„Или по завршувањето на разговорите денес попладне или утре наутро ќе објавиме значително зголемување на санкциите врз Русија. Ќе мора да почекате и да видите што е тоа“, изјави Бесант пред новинарите во Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.
Американскиот министер изјави за „Фокс бизнис“ дека Путин не бил „ниту чесен ниту искрен“ со Трамп.
„Претседателот Путин не беше толку искрен и чесен на преговарачката маса како што се надевавме“, рече Бесант, додавајќи дека американскиот претседател е „разочаран од моменталната состојба на разговорите“ за завршување на војната во Украина, која започна со руската инвазија во февруари 2022 година.