Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.
Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави во среда полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација. „Русија повторно ги провоцира членовите на НАТО“, рече тој, додека напорите за воспоставување мир во Украина продолжуваат.
Сите членови на алијансата се свесни за инцидентот, рече Косињак-Камиш.
Полската полиција претходно објави дека неидентификуван предмет паднал на поле рано во среда во селото Осини во источната покраина Лублин, кое се наоѓа на границата со Украина.
Експлозијата скршила прозорци на неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на несреќата, додаде таа.
Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Сè уште не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.
Местото на инцидентот се наоѓа на околу 120 километри од полската граница со Украина и околу 100 километри од Белорусија.
Членка на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најголемите политички и воени сојузници на Украина.
Во ноември 2022 година, ракета падна во селото Пжеводув на истокот од земјата, при што загинаа двајца мажи. Стануваше збор за залутан украински противвоздушен проектил.
An unidentified drone crashed and exploded in the village of Osiny, Poland. Approximately 100km from Belarus/Ukrainian border.
A photo of one of the fragments was published online – the drone’s engine. pic.twitter.com/QCQpoVEq03
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) August 20, 2025