сабота, февруари 28, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Вардар за седум дена два пати славеше над Алкалоид во Автокоманда

Вардар за седум дена два пати славеше над Алкалоид во Автокоманда

68

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, со триумф го отвори плеј-офот. Лидерот на табелата во Суперлигата славеше на гостувањето кај Алкалоид во Автокоманда со 33:32 и вторпат за кус временски период славеше на гостувањето кај скопските „фармацевти“.

Вардарци победија за крај на регуларниот дел кај овој ривал, а сега го отворија и разигрувањето за титула во ист стил. Дуелот беше вистинско дерби, а го одлучи еден блесок во второто полувреме на вардарци, кои и претходно влегуваа во серии, ама Алкалоид секогаш се враќаше од минусот и внесуваше доза неизвесност.

Најдобар кај Вардар беше Вукашин Воркапиќ со десет гола, го следеа Дмитро Хориха и Франциско Да Силва со по шест гола, а голманот Милош Валах фати девет топки. Кај Алкалоид, Никола Костески имаше 7/7, пред Марко Митев, Марко Стојковиќ и Урош Борзаш со по пет гола. 

Шампионот Еурофарм Пелистер, претходно со убедлива победа кај Тиквеш (43:24) ги отвори настапите во плеј-офот во Суперлигата. „Зелените“ важеа за фаворити и целосно ја оправдаа улогата на дуелот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со шест гола, а Рудолв Хакбарт, Филип Кузмановски и Петар и Павле Атанасијевиќ имаа по пет гола. Кај Тиквеш, Богдан Мијушковиќ даде шест, а Томче Стојановски погоди пет пати.

ГРК Охрид на стартот од плеј-офот славеше на гостувањето кај Бутел Скопје со 28:22. Тимот на Ројевиќ имаше мака во првиот дел, но потоа си ја заврши задачата според планираното и ги освои бодовите против ривалот

Гоце Ојлескисо осум гола беше најдобар кај победникот, Дарко Ѓукиќ погоди шест пати, голманот Кристијан Пилиповиќ фати 11 топки. Кај Бутел, Леонид Киселовски имаше шест, а голманот Благојче Трајковски не помогна со вкупно 10 одбрани.

ИЗДВОЕНИ