Ракометниот клуб Вардар го ангажираше левото крило Мишел Жуниор Тузолана, кој доаѓа како замена за Махамаду Кеита, кој во следните минимум два месеца ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.

Договорот со Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тој доаѓа од екипата на Сесон од Франција, каде играше последните четири сезони. Претходно настапуваше за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант каде му беше соиграч и на Кирил Лазаров.

Лани настапил на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола. Тој во следниот период во Вардар ќе биде едно од двете леви крила заедно со Марио Стојановски.

ИЗДВОЕНИ