Фудбалерите на Вардар ќе се обидат да ја зачуваат предноста од 2:1 извојувана на првиот натпревар против Лозана и на реваншот на гости да обезбедат пласман во следното квалификациско коло во Конференциската лига. Со оглед на тоа што швајцарскиот тим важи за апсолутен фаворит на овој меч, вардарци веруваат во успех на овој меч и пласман во наредното квалификациско коло.
- Првиот натпревар беше одличен, мора да го повториме истото и да победиме и во Лозана, за влез во следната рунда, порача играчот од средниот ред на Вардар, Донгмо, пред мечот закажан за денеска во 20:15 часот.
Инаку, Лозана пред неколку дена извојува тешка победа во домашното првенство, откако славеше со 3:2 против Винтертур, со голот на Диаките во 93. минута.