Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, спогодбено го раскина договорот со искусниот ракометар Вуко Борозан.
„Црвено-црните“ преку социјалните мрежи соопштија дека Борозан е слободен во изборот на нова средина.
„Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера“, соопштија од таборот на „црвено – црните“.
View this post on Instagram












