Вардар го освои Купот на Македонија

263

Екипата на Вардар го освои пехарот во Купот на Македонија, откако во вечерашното финале ја совлада Струга ТЛ со резултат 2-0.

Фото: П. Стојановски

Големиот успех на Вардар му го донесе младиот Михаил Талевски со двата гола. По овој успех „црвено-црните“ од битка за опстанок, на крајот стигна до излез во Европа.

Првиот гол Вардар го постигна во 26. минута, кога по пробив по десната страна преку Јанкулов, тој нафрли до Талевски кој од десетина метри ја смести топката во долниот лев агол.

Во 49. минута Талевски успе еднаш ја затресе мрежата на Струга ТЛ, а до крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, за конечен триумф за Вардар, кој одигра одлично во пролетниот дел од сезоната, и избори сигурен опстанок, а сега со овој пехар излегоа и во Европа, во Лигата на Конференции.

ИЗДВОЕНИ