„Ако денот по утрото се познава“ тогаш не им се пишува баш најдобро на македонските фудбалски клубови кога е во прашање европска есен. Освен Вардар, која ја оправда улогата на фаворит против Ла Флорита од Сан Марино, победувајќи со 3:0 на домашен терен во рамки на квалификациите на Конференциска лига, преостанатите два претставника, Силекс и Работнички, претрпеа убедливи порази на гости кај Црна Гора, односно Белорусија.

ФОТО: П.С.

„Црвено-црните“ по анемичното прво полувреме кое заврши без голови, во вториот дел ја нагазиja топката и по само две минути поведoa со голот на Омерагиќ. На средината од вториот период, набрзина постигнаа уште два погодока за очекуван триумф над полуаматерскиот тим од Сан Марино.

За радоста да не биде целосна се погрижија Работнички и Силекс, кои претрпеа убедливи порази на гости и се пред елиминација во квалификациите на Конференциска лига. Работнички беше убедливо прегазен од Торпедо БелАЗ со 0:3, додека Силекс загуби од црногорски Дечиќ со 0:2.

Македонскиот првак Шкендија, пак, во вторникот одигра без голови против велшки ТНС на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, пред реваншот идниот вторник на Арената во Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ