За новата сезона стручниот штаб на Вардар ќе биде засилен со Матеј Јовановски, кој ќе биде кондициски тренер. Тој е еден од најперспективните млади кондициски тренери во Македонија, со искуство во одбојката и кошарката.

Јовановски е добро познат во одбојката, бидејќи беше задолжен за физичката подготвеност на екипите на Форца Волеј, Јанта Волеј, а потоа премина во кошарката.

Таму беше задолжен за сениорската женска репрезентација на Македонија, за репрезентацијата до 18 години која играше на ЕП, па и за  мажите до 20 години кои играа на машкото ЕП во А дивизијата. Во кошарката беше ангажиран и во екипата на ТФТ од Скопје каде работеше со сениорскиот тим и со младите категории

ИЗДВОЕНИ