Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска ќе реализира концерт со наслов „Валцери и полки од Штраус“. Концертот ќе се реализира на 30 септември во 20.30 часот во Дом на култура Дебар. На концертот ќе бидат интерпретирани познати дела од класичниот репертоар и валцери и полки од Ј. Штраус со цел одбележување на 200 години од раѓањето на композиторот.

Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска е еден од најактивните камерни состави кај нас и тој во изминатиот период имаше успешни концерти во Културно-информативниот центар во Софија, настапија на интернационалниот фестивал во Созопол, Бугарија и настапија на „Велешко лето“. По повод втори август го промовираа нивниот најнов сингл „Балкан сонг 11“ на сите онлајн музички мрежи и го снимија и го промовираа видеозаписот.

Досега тие имаат настапувано на сите најзначајни културни манифестации во Македонија, „Скопско лето“, „Битфест“, „Штипско културно лето“, „Петровденски ракувања“, „Топол културен бран“, „Караманови средби“, „Кавадаречка културна есен“, „Велешко културно лето“, „Есенски музички свечености“ и имаат реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција,Танзанија и Турција.

Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и Дом на култура Дебар.

ИЗДВОЕНИ