Во тек се подготовките за „Валандовската ракијада 2025“. Од Општина Валандово информираат дека „Валандовската ракијада“ претставува настан од големо значење за заедницата и ја симболизира локалната посебност и вредност.
Годинава, манифестацијата ќе се одржи на 9 ноември (недела), на градскиот базен во Валандово, со почеток во 09:00 часот, како дел од „6 Ноемвриските празнувања“ по повод Денот на општината.
–„Валандовска ракијада“ е традиционален настан со изразито културолошко значење за општината. На неа се јавуваат учесници од повеќе генерации кои се натпреваруваат преку марифети пренесувани децении наназад во семејствата – велат од Општина Валандово.












